каков (зам.) - работа (имн.)

Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А ти, другар Ѓурчин потоа мисли му ја каде ќе ја сместиш таа навалица и каква работа ќе ѝ понудиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зборувале и ќе зборуваат, те за бунарот, те за водоводот... Секакви работи.“ „Какви работи?“, се вомјазив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— И му намигна со левото око, завртувајќи ја главата кон Скала, за да се сети Андон каква работа ќе брка — Е, арно, арно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Какви тајни работи?“ праша Костадин. „Какви работи. Се среќавала со некого тајно, си разменувале писма.“ погледнувајќи го Петар со лутина во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Винстон одвај го познаваше Тилотсон и немаше претстава со каква работа се занимава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мал Борче пред некој ден во доверба ми рече дека Кире од кадровското го викале врбов прат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Низ каков сѐ чакал, плевел и горчливи мирудии се провираат водите на животот, и какво сѐ зелениште во него не вирее!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)