кој (зам.) - важи (гл.)

Зошто да не се тоа намерни пробиви низ четвртата димензија за кои важи само законот на сродноста?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Всушност, заклучи авторот, Митко Кривашија воопшто и не беше комунист туку само наивен човек кој важеше за добар и чесен, за кого практично непостоечката и неостварлива правда беше идеал од којшто тој не можеше да се откаже и истовремено беше уверен дека само комунистичката доктрина би била способна правдата како што тој ја замислуваше да стане стварност на секојдневието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нејасно и неразумно е зошто за работниците кои работат во државните органи и институции, при нивна административна реорганизација, не важат одредбите од чл. 68-а, ако се знае дека ЗРО е фундаментален закон кој важи за сите работници во Република Македонија, без разлика дали работат во приватниот или државниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На овој крстопат во развојот на анализата на квир-културата, секое средство на машка геј-идентификација – секоја реплика, секоја сцена, секој филм и мјузикл, секоја дива – треба да се изучува со сета негова особеност, за да може да се разоткрие значењето на единствената формална структура што го сочинува. ‌Во тукашниов случај, доволно е да се забележи дека во Милдред Пирс навистина се работи за изведба, конкретно за изведба на мајчина згрозеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тука не се работи за бината, а и таа не ја претставува мајката како лик што му овозможува на своето дете скапоцено место за влегување во изведбата на општествено валоризиран идентитет. (Напротив: Милдред се венчава со Монте за да ѝ даде на Веда шанса да избега од унижителната нужност да исполнува нумери од мјузикли на некоја кабаретска сцена пред машка публика.) Несомнено е дека сцената со насилниот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс му нуди на геј-гледачот кампска пригода да броди низ трауматичната возможност да се доживее отрфлање од мајката и, со тоа, општествена обездозволеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, сепак, Милеровото читање не важи непосредно за Милдред Пирс со истиот степен на веројатност и цврстина со кој важи за Циганка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбирливо, нивните права на подолг рок се регулирани преку други закони кои важат за сите вработени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На ракавите моравме да носиме давидова ѕвезда, за да бидат регулирани забраните кои важеа за сите Евреи: повеќе не смеевме да одиме во театар, опера, на концерт; не смеевме да одиме во ресторани и паркови; не смеевме да се возиме во такси; дозволено ни беше да се возиме со трамвај, ама само во задната кола; смеевме да излегуваме од дома, ама само во точно определени часови; телефоните ни беа укинати, а смеевме да користиме само две пошти во градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше септемвриски ден кога во нашиот дом дојде еден од синовите на братот на мојата пријателка Клара, и ми кажа дека таа умрела во психијатриската клиника Гнездо, во која живееше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дерида зборува за ваквата дополу исполнета структура чие исполнување некој може само да го нагаѓа, како за нешто поврзано со “законот” кој важи за преведувањето, исполнување кое е согледано од страна на Бенјамин како okno.mk | Margina #10 [1995] 77 “обврска” (Aufgabe) битна за “задачата” на преведувачот”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, и по настапувањето на застареност на правото да бара надомест на штетата [reparatio damni], оштетениот може да бара од одговорното лице, според правилата кои важат во случај на стекнување без основа [condictiones sine causa], да му го отстапи она што го добил со дејствието со кое е причинета штетата (чл. 198, ст.1 од ЗОО). 193 Страницата намерно е оставена празна Б Спорови против приватни субјекти Страницата намерно е оставена празна Јакшиќ против Конкрит Спор за повреда при работа1 Corpus humanum non recipit aestimationem.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пресудата поради изостанок не може да се побива поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба (чл. 342, ст.2 од ЗПП). 6.  Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или, пак, со порамнување пред суд или пред друг државен орган, застаруваат за 10 години – па дури и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на зас­ тареност (чл. 368, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)