кој (зам.) - молчи (гл.)

Молк. Дали тој, кој молчи одобрува?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оти од раѓање знаеме дека кој молчи ќе изџвака повеќе еукалиптус И спокојно ќе си сонува а сите знаат дека За секоја коала сонот е од првостепено значење И така демек слушам двајца кајшто се расправаат баш за соновите
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Спастрен човек првин си го спаструва сонот - од студој, од џимкања, од говоранции и викања – време е да се надува воздушното перниче, време е, како не било време да се наметне ќебето и да се молчи, молчи (малку ли се изназбори во соништата за Трансибирската) кој молчи може да си најде алтанче од Алтајската Гора, а има и реални шанси да го види Солжењицин како се враќа дома, баш со Трансибирската.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но, да биде иронијата поголема, овие кои молчеа и не се одважија да тужат си останаа да работат и понатаму како „инвалиди на трудот“, а нивните побарувања за на име хранарина беа дури и поголеми од оние на Кирова која нели, уште на почетокот на спорот, „доброволно“ го отповика решението за скратено работно време!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Решението го потпишува службеното лице кое го донесува (чл. 214, ст.1 од ЗОУП). 59 Митревски против Центар за култура Спор за враќање на работа1 Qui tacet consentire videtur.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој молчи, значи се согласува [со неправдата] Работникот Тони Митревски од с. Логоварди, Битолско (сега 43-годишен) работеше, а и после спорот продолжи да работи, во Националната установа „Центар за култура“ – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Против пресудата работодавачот, кој ја изгуби парницата, знаејќи дека не е во право не се осмели да покрене никаков правен лек и истата беше спроведена доброволно – а раководството на „Дервен“, поучено од овој случај и под страв дека тој би ги поттикнал и останатите инвалиди на трудот да тужат – самоиницијативно ги исплати и трошоците за исхрана на останатите кои беа во иста фактичка положба, а немаа покренато тужба за истите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Скокнува, се разбудува уплашен и гледа збунето во татка си кој го успокојува и му ја брише потта од челото; гледа во автобусот, во подот што потскокнува, во луѓето кои молчат замислено, или дремат, во тилот од шоферот кој исфрла чад од цигарата што ја пуши, во прашината која влегува низ цеповите кога автобусот посилно ќе заграби по патот; гледа повторно низ прозорецот надвор и збунетоста сè уште му трае.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)