кој (зам.) - побара (гл.)

Тогаш во просторијата ненадејно влета младиот - и „во ерата на распаѓањето на сите традиционални вредности”, како што велеше неговиот омилен универ­зитетски професор - пофално лево ориентираниот - господин Тони, кој побара, под еден, поширока елаборација на проблемот граѓанско-рурално, и, под два, подобра метафоричка контрала, помалку елипси, контигентност и јасност, ви се молам, културата ја сфаќам како канадска река низ која пловат совршено подготвени за понатамошна обработка трупци.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Меѓутоа, по поднесено барање за информации од јавен карактер од страна на Левичарското движење „Солидарност“ до Агенцијата за вработување на Република Македонија како имател на потребните информации, се дојде до бројка од вкупно 11.652 лица, кои побарале обештетување во законски предвидениот рок од 30 дена, додека пак бројот на лица кои го добиле обештетувањето изнесува 1.673, што пак претставува само 14.36% од вкупниот број на баратели.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Која воденица? - го прашувам. - Онаа, за која побара да посведочам дека е твоја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- И без твоето сведочење се знаеше дека воденицана на Пребег е моја.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дотогаш јас ја знаев само како лик кој набљудуваше низ прозорецот, а потоа нејзиниот татко му беше рекол на брат ми дека во нивниот дом сега доаѓа неговиот колега од факултетот, доктор Ернст фон Брике, сликар – аматер кој почнал да ѝ држи часови на ќерка му, и кој побарал на часовите да доаѓа уште некое дете, затоа што така би се постигнала подинамична работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара беше една година постара од мене, и имаше три години постара сестра, Берта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина  ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, ова добро дело на Марковски – кој притоа дојде во отворен судир со финансиската директорка на друштвото (В. Боцевска) – веднаш беше „наградено“: тој следниот ден, од страна на генералниот директор (Љ. Митрески), доби отказно решение бр. 01-13/7 за престанок на работниот однос без отказен рок, по- ради поднесена Пријава од истата директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)