кој (зам.) - победи (гл.)

-Тука не станува збор за тоа кој напаѓа, а кој победува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се плашеа стратезите на револуцијата од непредвидливиот бес на оние со кои победија во војната, ја изведоа револуцијата, ги обединија луѓето и завладеаја во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Им зборуваа за големите борби во кои победуваат само нашите, ама за да ја биде борбата пократка и побрзо да дојди победата, треба и тие да одат на помош.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секогаш има херој, кој победува или умира во битката.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја откри силата на стабилната емоционална личност која победила во многу битки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)