кој (зам.) - потсетува (гл.)

Во неговата средина, зголемен од заоблената површина, се наоѓаше некаков чуден, розов, извиткан предмет, кој потсетуваше на роза, или на анемона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но има зборови кои и преживеале, кои се влеале во нашите јазици, кои потсетуваат и на убавото, заедничкото во тоа минато.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски кој дотогаш замислено и внимателно следеше, нешто запишуваше, одеднаш живна и го прекина Татко: Ете зошто треба да побрзаме со нашиот проект, ние конечно ќе треба да се ослободиме од опасните зборови во нашите балкански јазици кои потсетуваат на мрачното минато?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Морам да одам”, рече таа, и ни се насмевна со својот тажен, настојчив поглед, кој потсетуваше на погледот на татко ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беа мигови кои потсетуваа на полнотата на животот поради кои вредеше да се продолжи желбата за живеење, која постепено ја напушташе Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Добар дел од нив, меѓу кои и нашата соговорничка, останаа невработени – бидејќи, со оглед на нивната специфична старосна структура, е ѓаволски тешко да најдат било каква нова работа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сликовитиот пример на Б.А. е еден од оние кадешто јасно е скицирана грчовитата борба на обесправениот македонски работник во нашата вечна транзиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство…
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)