кој (зам.) - преживее (гл.)

Всушност, не е мој обичај јасно да формулирам едно конструирано гледиште врз непостојани впечатоци како оние кои ми се наложуваат од читањето на вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јунг споменува дека во cucurbita (тиква, латински колоквијален израз за глава кој преживеал и во италијанскиот, каде што zucca, тиква, исто така колоквијално се употребува наместо глава) алхемичарите го набљудувале „алхемиското консумирање на кралскиот брак”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Постарата генерација беше главно ликвидирана во големите чистки од педесеттите и шеесеттите години, а малкумината кои преживеаја, одамна беа испреплашени до тотално умствено предавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оваа еднаквост ја наоѓаме и во грчката алхемија, каде што lithos enkephalos (камен-ум, или камен- мудрост) е изедначен со lithos u lithos (камен што не е камен, т.е. ум).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вие ваква обединувачка тишина откривате прикажана и во Татковите книги, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)