кој (зам.) - тежнее (гл.)

Кај него одлуките се донесуваат за секунда, нема големи состанчења, тој е вистински герилец!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На оваа изложба, налик на многу други изложби од современа уметност, единствена екстраваганција е експликативната бордура на секое дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потсетувајќи дека уметничките дела на Бојс не може да се редуцираат на она што ние го гледаме, овие бордури-рамки играат двојна улога: тие се забрзан тек за оние кои тежнеат да ја дофа­тат мислата на Бојс и, истовремено, направа за корекција на погледот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сосема е друга работата со тнр. сократски тип, кој тежнее секое можно нешто да го анализира од сите можни агли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подр­жу­ваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена умет­ност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи тие очекуваат нештата пред да бидат одлучени добро да се продискутираат, секое скратување на процесот ги прави да се чувствуваат ускратени или дури измамени!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Морам да нагласам, дека сето она што порано се сфаќало како напредок и како тенденција кон комплексност, сега мора да се гледа како епицикли кои тежнеат кон проредување и состојба на поголема веројатност, кои водат во формирање на посложени облици за потоа да се вратат кон општата тенденција.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние живееме во култура која тежнее секому од нас да му ја пренесе одговорноста за својот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)