кој (зам.) - бег (имн.)

Кадијата нареди да се тепаат сите мажи, а од жените кој бег колку сака да си избере ако му требаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како сте в поле? – ги засипа со обичните прашања па почна да ги распрашува кој кај кој бег работи – зошто се толку парталави, голи, боси и страдни. – Како чифчии, зошто – му одговори еден од тројцата и го прашаа него од кое село е тој и на кој чифлиг работи. – Немаме ние во Мариово наш чифлигар над глава, браќа не, сами сме чифлигари, сами чифчии.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не само селото што ни беше планинско што не може да биде попланинско, туку и она малку поле што беше околу селото, беше беговско, луѓето го работеа наполу, тие на кои бегот ќе сакаше да им даде земја да работат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)