кој (зам.) - држава (имн.)

Нивното право на атеизам е загарантирано со член 37 од Уставот на Албанија според кој државата не признава ниедна вера и ја поддржува атеистичката пропаганда за да се вкорени кај луѓето научниот светоглед на материјализмот, а според член 55 од Уставот се забранува основање на каква било организација со верски карактер.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во исто време таа го толкува реакционерниот тренд како еден обид од страна на мажите повторно да ја присвојат моќта врз жените која државата до извесен степен им ја одзела.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој стаса и тука во Битола да се поврзе со еден од поштата, едне Јашарот го викаа, еден никаквец што им ги отвораше приватните писма на луѓето за да не најде пари во нив и едно женкариште до зла бога, кој секој ден со камионче патуваше до Струга и назад, ја носеше поштата меѓу „нашите“ две држави демек префрлаше преку граница од Бугарија во Италија или Албанија, кој ќе знае која држава беше таму и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Овде треба да се изјасниме кој за која земја ќе оди, за која држава сака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бандо беше поднапиен и им рече: „За која држава да фаќам, кога нема држава...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Според многу теоретичари, 11 септември ефективно ги потисна (уништи?) сите надежи за свет без граници и „до темел ги промени глобалните режими на мобилност и начинот на кој државите ги обезбедуваа своите граници“.61
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Која држава ќе дојде по оваа, рече момчето, кој ќе дојде, стрико Дуко, кога ќе се кренат овие?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)