кој (зам.) - жалба (имн.)

Во врска со инспекцискиот надзор од областа на заштитата при работа, во ЗБЗР ја нема одредбата според која жалбата на работодавачот по решението на инспекторот на трудот не го одлага извршувањето на решението, освен кога се работи за случаи кои се однесуваат на повреда на закон или друг пропис за заштита при работа и на колективен договор и договор за работа со кои се уредуваат правата и обврските од областа на заштитата при работа, или ако утврдената повреда на прописите за заштита при работа претставува недостаток за чие отстранување се потребни посебни инвестициони вложувања, а при тоа животот и здравјето на работниците не се непосредно загро- зени (чл. 55, ЗЗР и чл. 50, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Веднаш после приемот на писмената пресуда, во јули 2008, НУЦК – незадоволен од истата, преку својот адвокат (А.Димитровски), поведе жалбена постапка и предметот беше препратен до Апелациониот суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во декември 2008, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски –  претседател, Љ. Нешкоски и П. Јадровска – членови на советот), донесе второстепена пресуда со која жалбата на тужениот ја одби како неоснована, и ја потврди пресудата на Основниот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По приемот на писмената пресуда,4 МВР – кое го изгуби спорот, незадоволно од диспозитивот на пресудата, поднесува жалба до надлежниот Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд носи пресуда со која жалбата се одбива како неоснована и ја потврдува одлуката на првостепениот суд, по што пресудата конечно станува правосилна и извршна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова и обете странки поднесуваат жалби – МВР преку Државниот правобранител на РМ,6 кој го застапуваше во конкретниов случај, и преку дипломираниот правник (С. Арсовска) вработена во МВР, која исто така имаше полномошно – бара укинување на пресудата; додека, пак, штипскиот адвокат на Б. Н. бара зголемени парнични трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7 Скопска апелација (преку судскиот совет во состав Ј. Јовановски – претседател, Д. Сапунџиева и А. Ш. Асани – членови), во февруари 2011, носи второстепена пресуда со која жалбата на туженото МВР кое го изгуби спорот се одбива како неоснована и се потврдува првостепената пресуда на Кумановскиот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во март 2010, повисокиот судски совет (во состав од судиите: Љ. Нешкоски – претседател, П. Јадровска и А. Настевска – членови), донесе второстепена пресуда со која жалбата на Ѓорѓиевски ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд од Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Незадоволен од оваа пресуда, Ѓорѓиевски преку својот адвокат, навремено поведува жалбена постапка и предметот е отстапен на Апелациониот суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)