кој (зам.) - воопшто (прил.)

Били сакаше и рефлектирачки површини - поставуваше скршени парчиња од огледало овде-онде и ги мешаше со сето наоколу.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4Книгата значи воведува инакви начини на читање? 4Можеби и тоа, но не обликувајќи или затворајќи некоја програма на читање, не наметнувајќи вештачки некаков систем на строги правила.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од 65. до 67. спиев само два или три часа на ден, но сретнував луѓе кои воопшто не спиеја и кои говореа работи како: „Еве веќе девети ден! Баш е супер!“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По пат Тејлор ми раскажуваше за некој млад фолк пејач со име Боб Дилан кој во тоа време веќе имаше еден или два албума, но сѐ уште не беше доволно познат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сето тоа го правеше амфетаминот, но најинтересно беше тоа што Били умееше да ја пренесе атмосферата на оние кои воопшто не беа во тој фазон: обично луѓето на спид правеа нешто што им беше само на нив интересно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Притоа воопшто не ми беше намера, без оглед на спротивставените мислења на поединци кои воопшто и не ја прочитале книгата, да ги измешам литературата и филозофијата. 4Кога пишувате книга како оваа, дали ја пишувате исклучиво во однос со собеси или пак таа е наменета за некое читателство? 4Сигурно дека се обраќам кон читатели за кои претпоставувам дека би можеле да помогнат, да ме следат, препознаат, одговорат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, можев да си замислам како се чувствуваа оние што земаа вистински работи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Клинците ги отфрлаа обичаите и облеката заради кои изгледаа како нивните родители и одненадеж сѐ се промени - татковците и мајките се обидуваа да изгледаат како нивните деца.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На својот забар му платив со овој чек што го нацртав, кој воопшто не беше банковен. И тој прифати.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Изгледа дека премногу навлегувам во детали, кои воопшто не се важни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Никогаш веќе не сакам двапати да ти кажам нешто“, рече човекот со лузната со сосема смирен глас, кој воопшто не соодветствуваше на она што пред малку се случи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Разбра?!“ Таа потврди со главата, а солзите уште ѝ течеа по образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше еден од оние самјаци, кои воопшто не обрнуваат внимание колку е длабок снегот, за да продолжат да ја бараат и да ја пронаоѓаат својата храна, а по дирата, што ја имаше оставено зад себе тој, сега можеа да чекорат слободно еднододруго двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со оваа промена се отвори можност за уште поголема доминација на субјективните преференци на работодавачот, при понудата за склучување на новиот договор за вработување пред отказ, бидејќи тој според новата формулација е должен само да донесе одлука за тоа, со што се елиминира потребата од наведување на основата поради која дошло до овој нов (понеповолен) договор за работникот; ѓ) поради претходна неажурност, непрофесионалност или грешка во редактирањето на законскиот текст дојде до промена на насловот на чл. 80 од „Услови за откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работодавачот“ во „Услови за откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот“ (чл. 19 од ЗИДЗРО/септ.10), со што се поправи претходниот конфузен наслов кој воопшто не соодвествуваше со законскиот текст кој беше подведен под него.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Веројатно му припаѓаат на безименото стадо со кое ништо не нѐ сврзува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А тука се и оние другите, кои воопшто не се спомнати. Тие како и да не постојат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Токму во тоа е и суштината на недоразбирањата што се создаваат помеѓу нашето однесување и воведените правила кои воопшто не водат сметка за нашите потреби и желби - објасни Жолтко.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, лицето ѝ беше меко и добро, за разлика од лицето на братучед ми Никола, кој воопшто не изгледаше среќен што има гости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Станав и набрзина се облеков, со чекорите и лекото дишење сè уште присутни пред вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кој вели дека таа двојба е наша судбина, кој воопшто се осмелува да каже дека своите интелектуални узори мораме да ги бараме меѓу претседателските камердинери и дворските лиферанти, меѓу тие сливари на човечкиот дух и морал?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Висините не се работи за допаѓање или недопаѓање (ви раскажував за дијаграмот што Шилингер го постави на својот Ѕид под таванот: сите табели, ориентални и западни, кои воопшто се користат, секоја во друга боја, се поставени наспроти една црна табела, таква каква би била да е физички основана во низата од аликвотни тонови), освен за музичарите кои се во тек; соочени со навиките, што да правиме?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Такво исто не-чувствување на себеси, кај различни луѓе, на различни простори, се повторува неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има и такви кои воопшто не се обидуваат да си ја објаснат својата нестварност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше зборови на сестрите кои воопшто не ги разбираше, но и нејзини зборови кои тие не ги разбираа!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Обична женска обетка, која воопшто не мора да биде скапа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Машки сон: Сонувам како лежам на некој кревет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А оние пак, суштества кои воопшто не знаат за половото општење, туку се размножуваат со делење на клетките се вечни, бесмртни; како: медузите, коралите, сунѓерите и други.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)