„Повелете госпојце; само вакви стројни убавици како вас имаат моќ да ме попишманат па дури и да ме натераат да подзастанам на патот по кој доброволно брзам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тој никогаш нема да му прости на својот пријател Сенгор кој доброволно ја предал власта, определувајќи се за слободни парламентарни избори и воведување повеќепартиски систем во Сенегал.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Па, замисли си, во наредбата што ми ја пратија некни, пишуваат: „За да се зајакни борбениот дух кај новододјените борци, кои добороволно стапија во Демократската армија на Грција, во слободно време, офицерот за културно-просветна работа, задолжително да почне да ги учи да пеат револуцинонерни и борбени песни.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој не издржа пред возбудата, пречекори и го прегрна „горскиот цар" кој доброволно ја наведе главата пред него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје е: IV П.бр. 1352/00. 2. Работниците имаат право – по свој слободен избор – да основаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
— Толе, брате, тебе господ те испрати денеска да му помогнеш на својот народ.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)