кој (зам.) - жилаво (прил.)

Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше да го пречека Татко попладнето, така што имаше време да се справи со последните османски заемки, според договорот со својот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да се криеше дамна исчезнатото време во заемката која жилаво се одржуваше во новиот јазик и покрај сите можни погроми, јазични чистења, пуризми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И за Камилски, со текот на времето, помалку беа важни турцизмите како лексички заемки, отколку дебатата со Татко за нивната генеза и судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше конечно да го откорне од своето сеќавање значењето на тие зборови, кои жилаво се задржуваа, потсетуваа, беше невозможно да исчезнат засекогаш, остануваа прикачени во пајажината на времето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)