кој (зам.) - одвреме-навреме (прил.)

Политичкиот комесар, кој одвреме навреме влегуваше во земјанката и внимателно го слушаше разговорот на борците на ДАГ со членовите на анкетната комисија, го построи одредот и, покажувајќи на Јани, рече : - Зошто, бре ти, си запнал - та куќата, та жената, та децата, та овците, та амбарите, берикетот, пљачкањето, апсаните, судовите, тепањето, стрижењето, пцуењето и што ли уште не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иронијата да биде поголема, во центарот на Новата лисица беше стационирана џандарска станица каде се апсеа само ситните дилерчиња кои одвреме-навреме требаше да послужат за маркетиншко политички потреби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ќе имате тројца или четворица луѓе за врска, кои одвреме навреме ќе бидат обновувани, онака како што ќе изчезнуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко со задоволство утврди дека Камилски, кој одвреме-навреме имаше своја lucida intervala, целосно беше согласен со неговите ставови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој мереше и премеруваше нешто врз нив, мрмореше бројки во кои одвреме-навреме се распознаваа надморските височини, раздалеченоста во географски, англиски, морски, па дури и во стари римски милји.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Жари се појавува во огромниот дел од текстовите за Дишан, во кои одвреме-навреме критичарите изнаоѓаат паралели во размислувањата на овие двајца автори.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Петар кој одвреме-навреме го чисти виртуелниот простор од реалните мртовци?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Французинот и Англичанецот молчеа, и со чашите в рака гледаа во мрежите низ кои одвреме-навреме сонцето се заплеткуваше: личеше на светлива риба што прпелка фатена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега знаеше дека сите оние спорадични немири кои одвреме-навреме ги заплиснуваа како вода која при одење се подистура од преполна кофа не биле само одеци на косовските.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само по менувањето на пејзажот и по мапата во која одвреме-навреме погледнуваше знаеше дека државата се сменила.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги гледаше зад стаклото, толку светли на прозорецот на вагонот, над градовите кои одвреме-навреме го кинеа пејзажот...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да не се другарите на брат ми, кои одвреме-навреме ќе ми упатат по некој збор, а и тој онака, патем и обично на зафркавање, не ќе можев да кажам дека познавам макар едно момче што има петнаесет години, а не пак дека се дружам со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И со некој кој одвреме-навреме ќе зготви ручек и испере гаќи. МАТЕЈ: Не мораш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како што забележа Томасини, иако со многу повнимателно бирани зборови, Даниелс порано бил тенор паталец кој одвреме-навреме спонтано пеел опера на геј-забави, каде што со висок фалсет ги пеел женските делови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доказот беше пред мене Крај Бургиба стоеше министерот за надворешни работи Каид Есебси, кој одвреме навреме дискретно го придружуваше претседателот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наеднаш жената која одвреме навреме заличуваше на тетка Боса ги приближи усните до моето уво и тихо ме предупреди: - Внимавај! Внимавај!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А каде е оној мојон, Бушавион – повторно се вознемирив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)