кој (зам.) - побрзо (прил.)

Високите, кои побрзо и повеќе затоплуваат, некои ги употребуваат дури и таму каде немаат гора, но во Потковицата, зашто се легачите поекономични, исклучиво само нив ги употребуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Париското метро е најбрзото превозно средство, зашто преголемиот број на автомобили толку многу ги задушува улиците, особено главните сообраќајни артерии, што во определени часови од денот оваа река од коли просто лази, додека истоврмено под земјата, низ безброј испреплеткани лавиринти и тунели, се движат електрични возови со кои побрзо се доаѓа до целта отколку со најлуксузните и најбрзите автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Двајцата ги пружавме рацето кој побрзо да зграпчи костен, прстите ни се испреплетуваа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Трчавме кој побрзо ќе стигне. Цела работа беше да ја фатиме сенката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се туркавме кој побрзо ќе застане пред тефтерот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ај да си играме кој побрзо ќе го премине мостот! - викна Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога таа го правеше тоа изгледаше многу лесно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)