кој (зам.) - подолго (прил.)

Честопати на шега се натпреваруваше кој подолго ќе го издржи нејзиниот поглед без да трепне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Впрочем, просудете самите! Александар Бошковиќ е човек кој подолго време не престојува во Македонија (докторирал Културна антропологија во Англија), но - можеби како некаква најава за негово враќање во нашата земја? - во Маргина е присутен со еден свој понов текст за „Мултикултуралноста”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како да се буди од смрт го чешаше целото тело, кога ќе излезеше од некоја состојба во која подолго време се наоѓал себеси: неподвижен мир од долго и тешко заборавање без осет за некакво течење, ток или поврзаност на нештата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
106 По пристигнувањето на Кајмакчалан единицата на ЕЛАС која ја придружувала британската воена мисија Perseverance воспоставиле контакт со македонските партизани кои подолго време ја очекувале мисијата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се натпреварувавме кој подолго може да издржи во една таква положба со нозете закачени на пајандите, а рацете и главата свртени удолу.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се прецизира категоријата на лица кои подолго чекаат за вработување, како лица кои биле невработени 12 месеци од претходните 16 месеци или 6 од претходните 8 месеци за лицата под 25 години.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)