кој (зам.) - првин (прил.)

А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој првин се соочи со турските заемки во христијанските текстови и молитви, кои првин му се видоа невозможни, неприродни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Старословенски зборови, па дури и зборови од грчко потекло, особено од крајот на XVI век, се заменуваат во црковните текстови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа Татко реши да се вмеша, впрочем, така и беше решено да се работи, низ спротивставување на мислењата до заеднички заклучок: Претходниците на османските јаничари беа римските преторијанци, кои првин беа регрутирани од Италија, а потоа ќе се најдат во неа војници од странско потекло како Балканци, Шпанци, Германци и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Полека ја враќав раката низ вдлабнатината на задникот кој првин се потсобра и ми ја апна раката, задржувајќи ми ги за миг стутканите прсти меѓу двете половини, а потоа се олабави и јас убаво почувствував како средниот прст ми минува преку анусот на Ема и бавно се движи по меко собраниот отвор прелиен со блага топлина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми се чини дека со мало задоцнување сепак научив да не грешам, и покрај фактот дека одамна веќе никој не чувствува потреба да ми ги лови грешките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Станувам сѐ повеќе таков поединец, кој претпочита да проба, да вкуси, со еден збор човек кој првин ќе ја испита стоката а потоа ќе ја одредува нејзината вредност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, газам внимателно иако тоа не мора да значи дека понекогаш не ги избирам лошите премини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)