кој (зам.) - упорно (прил.)

Премногу добро образовани во нашата стара Европа, ние природно веруваме дека постојат мисли, кои упорно ѝ се противат на секоја екстериоризација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од една страна: засилена веселост, емотивни изливи, бегање на идните, од друга: немир, напнатост, страв, со депресивни мисли кои упорно се неметнуваат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Постојано го сонуваше сплаварот кој упорно ја чекаше на брегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
3 АЛЕКСАНДАР СТАНКОВСКИ 15 Интервју 17 Поголемиот дел од оваа Маргина му е посветен на Александар Станковски, според нас најзначајниот уметник во Македонија, кој упорно се држи до своите андерграунд “маргини”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најпосле погледна кон Х.Х. кој упорно му го покажуваше својот часовник за да ја забрза нашата посета и што побрзо да ги посетитиме и павилјоните на католичката, право­слав­ната и муслиманската вера.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако овој упорно насочен прст во Leonardo, прст кој упорно одново се појавува, укажува, не губејќи здив, на тоа дека постои една моќ вон нашето видно поле, вон ретината, тој истиот прст насочен во Duchamp, не е тука да покаже некое место, како оние од дваесетите години нацртани пред влезот во „местата”, освен мошне чудниот паралелограм чии што темиња се направени од три кривулести профили на Stoppage-etalon-от; дали го покажува патот на една непозната димензија, од онаа страна на едноличната здодевност која за авторот ја претставува бојата нанесена врз една рамна површина? ]е одиме ли до таму да кажеме дека елементите на окружувањето на Со оглед дека... постојат веќе кај Leonardo?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ме кочи мислата дека сѐ што сакам да напишам во мојата повест која упорно ми се опира, не се дава, е можеби веќе кажано, всушност скепсата дека не би кажал ништо ново што светот не го знае и не го искусил веќе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Бојане, синко, отвори! - пак слушаше глас, кој упорно го повикуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Речиси немаше балкански народ кој немаше своја јаничарска историја, која упорно ја бришеа победниците од својата свест, ја потиснуваа до дното на нивната потсвест, за да избие еден непознат свет со сета потискувана експлозија, која најмногу се одразуваше во демонот и делириумот на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Редно е да потсетам дека и при најобичните пребарувања по спомнативе тровчиња сведок сум на многу необични настани кои упорно настојуваат да им се придружам и јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)