кој (зам.) - храбро (прил.)

Деница Кирова е од онаа, барем кај нас сѐ уште ретка, категорија работници кои храбро се борат за своите права, а со акумулираното искуство денес е особено спремна на секаков вид индивидуална борба за правата кои и следуваат од работниот однос но, сепак, таа со право додава дека синдикатите треба 142 да бидат главните организатори и двигатели во борбата за почитување и зголемување на работничките права. 1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.II.2011, во Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зошто? Така сакаше Марјанти... која постојано велеше дека неа од борбениот строј ја откина генералот Маркос и ја прати тука, во Драч нас да нѐ чува, да не учи како да ја сакаме борбата и брзо да растеме за да го продолжиме делото на нашите татковци и браќа кои храбро се борат против англо-американскиот империјализам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, да биде иронијата поголема, овие кои молчеа и не се одважија да тужат си останаа да работат и понатаму како „инвалиди на трудот“, а нивните побарувања за на име хранарина беа дури и поголеми од оние на Кирова која нели, уште на почетокот на спорот, „доброволно“ го отповика решението за скратено работно време!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Самуил пак се спасил благодарејќи на својот син, кој храбро ги одбивал напаѓачите, а потоа го качил татка си на коњ и го одвел во утврдениот град Прилеп.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)