Краста: Да, да. Баш тој Беки кој во филмовите глумеше хоштаплери, што впрочем и не му беше тешко зашто и самиот беше таков.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Токму тој Беки кој во еден петпаречки таблоид ме нарече „шугле“. Ех, Беки, Беки, како се заеба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Овој човек мене ме нарече Monty Cantsin.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
По мојата посета на Брисел, напишана е една тажна песна за мене и во неа, според Philippe Mouskes, ме нарекуваат Isaac Laquedemon.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За моите патувања по многу градови често зборуваат поетите, тие некогаш ме нарекуваат Ахасвериас, некогаш Ахасверус, а понекогаш и Ахасвер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А кога слушнале отците што ме нашле дека дете половингодишно знае најразчични собитија да преподава, и дека тие собитија корен немаат во стварноста, туку се дрво во воздух, измислица чиста, ме нарекле Сказник.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас пред малку ви преподадов дека првин Лествичник, а потем Сказник ме нарекоа, но не ви реков дека јас самиот си се нареков со име за мене најпригодно: Мозаичник.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Секако, ќе се обидам да се сетам дури и на зборовите, иако сето тоа се случуваше многу одамна, поточно оној ден кога во дворот на училиштето еден од моите соученици ме нарече копиле.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не знам зошто но неговото заземање го сфатив и како еден вид порака испратена до мене, а не само укор и осуда кон моите врсници заради нивното неразумно однесување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Професорот Даскалов беше присутен и се обиде да ме заштити.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му реков оти Онисифор Мечкојад не ме молел да му ја донесам торбата што другите ја познаваа по црвените, црните и зелените риги и сокрив дека ме нарекол предавник со увереност дека не сум ништо друго туку мал поткожник на дружината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Тој тоа ти го кажал утрово за да си ја олесни душата или да те смекне и побарал да му донесеш леб. Добро, тоа го знам и без тебе.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го заборави ли ти тоа кога ме викна владиката грчки, ме благослови и ме нарече кир Ристаќи за тоа што се определив за грчката партија?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ќе ме наречете жалопојка. И сум, признавам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Еднаш навечер, Марина ми рече дека Синдерјушкин ме нарекол хулиган затоа што му стапнав на ногата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Вие ме нарековте учител и Господ, право велите зашто Јас сум таков.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
„Вработен? Професија?“ „Па, би можеле да ме наречете писател.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Како ме нарековте?“ „Што?“ Докторот се збуни. „Како да те наречам освен Чарлс.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И едните и другите ме нарекоа предавник.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А јас си мислам со мојот ум и си велам: сигурно е тој што ми окара мајка и ме нарече ебиветерко кога му реков да не го расипува детето давајќи му ситно дробено тутунче...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- му подвикна Нумо и ја подигна патерицата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Како сè нема да ме наречат уште...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Иднината не е заебанција...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сакаш да ми се потсмева и да ме нарекува мамино и татино галениче, а?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Дури еднаш мајка му, не знам дали по грешка, ме нарече со нејзиното име.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Понекогаш ми се допаѓа што сум „права девојка”, а понекогаш ми е жал што не сум веќе „нивното мало девојче”, иако тие и натаму така ме нарекуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас, всушност, често се чувствувам збунета: голема сум или мала, што сум јас, која сум јас?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе ми рече, на пример, слушај Гонцо,тој така понекогаш ме нарекува, ќе ти покажам математика ако ми го дадеш вечерва твојот касетофон.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)