ме (зам.) - осветли (гл.)

Овој невин, еден и единствен зрак кој ме осветлува и милува утрово стигнува до мене откако претходно допрел и милувал цели 40 000 потомства и ја памети секоја нивна јота...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)