ме (зам.) - спаси (гл.)

Една врба ме спаси: се качив на неа и се сокрив во лисјето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја слушнав црната како се смее. Погледнав нагоре, повеќе од рефлекс, можеби затоа што никогаш не се навикнав, на блескавите светла и разиграните сенки на геодезиокот* над нив. Можеби тоа ме спаси.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Благодарам“, повторував; јас влегувам внатре; тука е Ина, таа ќе ме спаси.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да ме спасиш мене, треба прво ластовицата да ја спасиш! – доби одговор од старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
МЛАДИЧОТ: Од оној ден кога ме симнаа комитите од дрво во чии гранки ме скри мајка ми за да ме спаси од колењето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
АНТИЦА: И дојде да ме спасиш во последниот час?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И сум го дала, само не на Никола, туку на тој што ме спаси од смрт.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ама, вујче, тој ме спаси...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А за да може таа да ме спаси од рацете нивни, тоа не може ни да се помисли!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И тоа ме спаси. Ја погодив лозинката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ме спаси една дупка што се најде пред мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господ ме спаси од дрвен крст, па не сакам ни железен, им велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може да ме спаси денот, што сум имал уште денови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Сакаш ли да ме спасиш?“, јачејќи шепоти младичот, целиот заслепен од животот во неговата рана.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тие доаѓаат, членовите на семејството и селските старешини, и ме соблекуваат; училиштен собир, што го предводи учител, стои пред куќата и пее некоја мелодија со прост текст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Раната не ми е тешка, ќе ме спасат.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Посакував и мене да ме спаси принцот од морската вештерка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сепак стигнавме и до единицата. Таму тој не се сети да ми даде мед, па така ми остана атерот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Никогаш потоа не дознав каде е тој човек, барем да му се заблагодарев што ме спаси.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше многу деца а имаше и еден син колку мене кој се викаше Камбо и кој подоцна замина со мене во партизани и ме спаси од стрелање.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ви благодарам, ќе им речам, ви благодарам затоа што ме спасивте пред да биде премногу доцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само ти и господ можете да ме спасите, — му рече и му ја предаде кусата манлихера што му ја купи Толе Паша во Софија пред петнаесст години од „Браќа Иванови".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Мене, татко, генералот сака да ме спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чичко Анѓеле се поздрави со командирот Планински, му пристапи на Трајчета, го прегрна, го избаци и му рече: - Благодарам, Трајче, ти ме спаси!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Двапати ме спаси нашинчето од Албанија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си го даде животот, кутрото, за да ме спаси мене.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
СТЕВО: Господин Херцог ќе ме спаси.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Зошто, бре, не ме погоди в глава? Барем ќе ме спасеше...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според Мајка, Бог кој ги услишал нејзините молитви, ме спаси од враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка ми ме спаси со еден неочекуван предлог.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме спасиле во последен момент, кога веќе алигаторот се подготвувал да ме повлече во длабочините.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да бев Грк ќе ме спасевте, вели, вака ми се удвојува вината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А што било?... Жените им го зеле оружјето на стражарите и дошле да ме спасат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто така, ми се случуваше многу често да ја измачувам и мајка ми со таа моја желба и мака, постојано надевајќи се дека еден ден ќе сфати што сè преживувам и ќе стори нешто да ми ја оствари желбата и да ме спаси од маката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми стрпливо ги слушаше моите жалопојки и секогаш нашите разговори завршуваа на ист начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)