Ако не се може поинаку, вели, ако е преголема ихтиза, човекот ќе бара некого од спротивниот табор со кого има горе-долу муабет, и ќе го моли тој да оди во дуќанот да му купи, но овој самиот никако не оди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неусетно разговорот се префрли за исхраната, и Францизунката одвреме-навреме, се уфрлаше во разговорот само со една фраза, која постојано ја повторуваше, со видлива загриженост: - На мојот мил Жак денес не му купив месо, кутрото мое мало!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше чуен по добрите кројки и особено по прецизниот штеп.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа крпеше алишта замајќи ја дома излижаната сингер-машина на рачен погон, дуќанот го дадоа под кирија на еден млад мајстор на кого заедницата за алал му купи нова машина, а Јехуда да чиракува кај мајсторот-кираџија, скрпувајќи го животот малку од киријата, нешто помогнати од семејството, и нешто од заедницата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пред една недела, веројатно, беше последен пат: го извикаа во училиштето ветувајќи дека ќе му купат кошула и капа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Многу убаво!“ рече Љупчо. „Му купивме книга - Колибата на чичо Том.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Стигнавме во Велес околу девет часот; на Земанек му купив автобуска карта, го качив на првиот автобус и го замолив да ме остави сам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Коа видел царот, на чудо станал како да ѝ натокмит момчето пак зајаците.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На тоа згора, го послушал царот момчето и напраил три чардаци на едно широко место, та повикал сио град, мало - големо, да гледаат сите коа ќе му 'и дават трите вреќи со лаги момчето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сакам да го знам тоа, да го предупредам, зашто и ние имаме свои искуства, и нашата работа има свои правила што би можел да му ги кажам нему, на мојот наследник кој засега сè уште е непознат и кој си игра со другите како волк во јагнешка кожа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Додека сестра ми на сина си, моето кумче, веднаш му купи лоз, јас сега главно се занимавам со тоа што со часови си го напрегам мозокот, размислувајќи кој од оваа генерација, која, еве расте, ќе тргне по моите стапки, кој од овие бесни, убави деца што ги изнародија браќа ми и сестри ми, ќе биде црната овца на следната генерација?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но повремено и сега како да ѝ се јавува некое сожалување кон него што изцело го запостави и отфрли, па понекогаш почнува да му глуми дека таа пак му е приврзана како порано, дека со ова познанство и блискост со Богдана ништо не се изменило меѓу нив и продолжуваше да му упатува благи зборови, да му готви јадење, да му го мести креветот и сменува постелнината, да му ги пегла кошулите и алиштата, да го поведе понекогаш за рака низ просториите или полигонот за да слуша како се дресираат кучињата, да му вари почесто кафе како што му вареше, да му кажува како одат приходите во Пансионот, да му купува нови плочи со текстови за слепи на кој тој со прстите се учеше да чита - но тој кога ќе ја почувствуваше во својата близина, замавнуваше со бастунот да ја удри и бесот го смируваше со алкохол; се тетеравеше низ просториите на Пансионот викајќи по неа со најпогрдни зборови.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Камилски тоа го забележа и реши во Париз на Татко да му купи добра лупа, но за тоа не му кажа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Марин Крусиќ, по години отсуство поради болест на коските, сега почесто се задржуваше во Скопје, каде во истовреме помагаше околу поправањето и доградбата на Куршумли-анот, та имаше можност да се среќава одвреме-навреме и со својот стар пријател кој крај езерото му купи една од библиите на германскиот златар, а и еден Молитвеник на кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За да го ослободи од стравот, татко му му купил играчки со тие животни и го терал да си игра со нив; да ги фаќа, да ги клоца, фрла, да им чини сè што сака; и детето, малку по малку, се отстрашило, и кога ќе ги сретнело животните - веќе не се плашело од нив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
У младоста ништо не му фалеше – Пони точак му купија у второ, шими ципели со пенче у седмо, Ха–Е–Сер у прва година...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Кога видоа дека Илчо секој момент ќе заплаче и баба му и татко му почнаа да го тешат и да му ветуваат дека ќе му купат друга санка, уште утре.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Можеби сепак треба да му купи кутре.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дедо ми, кога татко ми бил дете, еднаш цела година му раскажувал на татка како за другиот Велигден ќе му купи едни такви убави чевлиња какви што никој досега не видел.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Еј, каква жалост! Што му стана на овој стрико, па ништо да не му купи!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
И, за да му покаже дека заборавил да му купи подарок, Зоки рече: - Види, стрико, тетка ми го испрати овој жолт балон дури преку пошта!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ех, кога ќе имаат пари ќе му купат систем - ама сега тоа е само сон...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Можеби за роденден ќе му купат работна ламба - слична на онаа со зелен штитник.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се прашував: што родител е тоа кога на своето дете му купува средство за убивање!?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)