Сепак, пораката што му наиде во главата го загрижи во поглед на неговото творечко реактивирање...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Трепереше пред тој миг, но беше и некое задоволство, додека го сеќаваше како му наидува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој и не знаеше што да прави со радоста, кога ќе му наидеше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А потоа, божем неочекувано ќе му наидеше и онаа најгорчлива забелешка: - Па сепак, најтешко ми паѓа - ќе констатираше тој – кога интелегентни луѓе како тебе, не чувствуваат потреба да ми помогнат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бараше помош и разбирање, а недоразбирањата, (ако можеа барем во мојот случај, да се наречат недооразбирања неоснованите обвинувања при испитувањето) всушност повеќе беа резултат на лошиот приод на иследникот одошто на мојата неспремност да соработувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Уверен беше дека треба да остане на методологијата што веќе ја имаше смислено: колку што може повеќе да не оди по информации туку да ги чека тие да му наидуваат како пеперутки над вирче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)