Танаил со жена му и син му со ифрит во душата гледаа кон куќата од Китан - кои луѓе му влегуваат да му честитаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Потскокнував кога го здогледавме татко ми од далеку како доаѓа, со два сладоледа од автомат, а сите соседи му честитаа: трето, па машко... а ние добивме сестричка! Шерет, тој татко ми, ги зезна сите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Што ли беше работата, некој празник, јубилеј или пак му честитаа роденден (Да нам живи, живи Мао) Кој ќе знае?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Валијата и сите други поистакнати лица сметале за своја должност да му честитаат на Едип-паша и да го изразат “своето восхитување“ за успешното водење на процесот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На крајот многу раце се протегаат за да му честитаат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Доаѓаа познати и непознати козари да му честитаат на татко ми за купената коза: – Аферим, аферим, комши, и вие сте сега наш.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сметам дека можеме да му честитаме на Луан Старова за последниот успех, со надеж дека, што е можно поскоро ќе уследи преводот на интегралната балканска сага.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Смрт на фашизмот! - слобода на народот! Комесарот му пристапи и му честита.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Алал ти вера! Досетлив си, нема збор! - восхитено го пофали Планински и му ја стегна раката да му честита.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)