него (зам.) - двајца (бр.)

Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вечерта спроти Петровден, кога излегуваше од Кралска круна, се испречија пред него двајца.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На вториот кат, лифтот запира и со силна бучава ја отвора вратата, а пред него двајца, мислиш во клинч, не ја довршиле ноќта и активностите во неа, па сега таа „разбудена“ ќе го доработува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред него двајца вооружени млади мажи и зад нив Кузе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А над него двајцата разговараа. Тој разговор не го сонуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)