него (зам.) - застане (гл.)

Ќе закопаш еден - двајца паднале поцрнети, ќе им ископаш гроб на тројца - десетина се ничкосале мртви, в месо им шушкаат црви, тие црви се живот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А под тие мисли во него застанат кај сите тие ненужни делови, злослутно стоеше скочанетоста на недовербата, така што тој одеднаш не можеше ни да остане повеќе тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој миг пред него застанува автобус на јавниот сообраќај.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И ако пред него застане некој командир, кој како него сега талка по беспаќата на пригранината земја, ако застане пред него и му рече: - “Назад, кучкин сине, назад! Назад на позиција!“, тогаш нему нема да му затрепери око - на лево круг и пак ќе продолжи по правливиот пат назад се до местото каде што ќе му биде наредено да погине.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„И доста е веќе. Ќе поаѓаме. Онисифор Мечкојад е на пат за Кукулино.“ Зад него застана Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сакаше, не збрца“, рече Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш кога ќе запееше преку радиото дотичниот пејач, татко застануваше на среде собата, бараше јас да сум покрај него застанат простум. Слушавме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Станувам да отворам и гледам на врата се истопорил Жанко Жилковски, кој носеше 5 четврт бурек со урда, но внатре наместо урда имаше биено сирење, а до него застаната цицлестата Јелена Ристевиќ, која го држеше нејзиното најново цд у рука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Зад него застана Онисифор Проказник. „Што е, пак ги оплакуваш чумосаните од времињата на дедо ти Макарие?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)