него (зам.) - друг (прид.)

Не сум видела после него друг човек да се качува толку лесно по столбот на својата нигднина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, името на еден човек не е толку важно за самиот него, колку за другите, затоа тој не се крстува самиот, туку го крстуваат него други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден волк ќе излази едно место, па ќе се притаи залепен за земјата. По него друг тргнал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стојан ја понесе како мало дете и излезе низ вратата, a no него другите осум души, без да се обѕрнат назад да видат што стана со кадијата, Сефедина, Ајша и каданите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јадел месо, сега него други го јадат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Тој е апаш. Заради него друг лежеше в затвор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Горе, таму на Ќафасан, се појави нов облак и зад него друг и по него друг и чиниш врзани во сунџир, се спуштаа прудолу, по големите кривини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)