некој (зам.) - личност (имн.)

Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сакаше да докаже дека всушност ниту нештата ниту луѓето не се потполни заробеници на своите имиња и дека не мора да значи дека, ако некоја личност или објект го променат името, тоа обврзно води и кон промена на нивната суштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разбира, тој притоа мислел на идентична состојба на тотална сосредоточеност којашто некои личности можат да ја доживеат спонтано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Геслата, односно импрезите, сѐ уште поелиптични, згуснати кончети кои во форма на загатка ја поентираат целта или волјата на некоја личност или заедница.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во таа смисла, тие меѓусебно се дефинираат“, и „се сомневам дека некоја личност може да го знае значењето на само еден од овој биполарен пар а да не го знае значењето на другиот“.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За шизофреничарот, да се сака некој, е еднакво на тоа да се биде сличен со тој некој; да се биде сличен на некоја личност е еднакво со тоа да се биде ист како таа личност, па оттаму, тоа е рамно на губење на идентитетот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ми стана мило што наидов на овој напис. Не ми зборуваше за ништо посебно, иницијалите не можев да ги поврзам со некоја личност, но ме возбудуваше дека зад Маказар стои едно изминато време, некој слој кој скржаво ми се открива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таква светлина можат да гледаат само тие што имаат облагородена крв и челичен разум. * * * Најчудното нешто кај некоја личност е истовремено да биде современа и либерална, а од друга, страна комунистичка и стереотипна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овде-онде се издигнаа некои личности, кои што благодарејќи на лихварството и на спахилакот, единствени доходни занимања, станале големи богаташи, а близу до нив, цела маса население со најголеми маки и труд одвај може да најде ’ржан леб за да го смири гладот 4.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека медиите манипулираат само во ситуациите кога нема многу можности за бирање, кога луѓето можат да гледаат само еден или два канали, кога зборовите на некоја личност (претседателот!) се доживуваат мошне сериозно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Мораш да побараш помош кај некоја личност што учествувала во таква игра и тоа со тебе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или идниот пат, кога ќе го сториш тоа, прашај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ако некоја личност е активна, ако сакаме чувството на гледачот да го насочиме врз неа, мораме да го преместиме гро-планот врз некоја друга личност”, вели Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А ироничната насмевка на Анастасија сигурно се однесувала (ако била навистина иронична) на некого од минатото, некоја личност а можеби беше во прашање и некоја од некогашните пијанки и веселби во овој ист простор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)