Ги испрати со Трајка да ја фатат Маргара, а сам со другите свои другари влезе во селото и нарача десет брави, десет фурни леб, тутун, ракија и се друго што им се „следуваше" во она време на четите кога ќе бидат „на гости" во реонот на некое село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Слушне ли во некое село кавга, веднаш се најдува во него да пресуди со дреновицата; слушне ли да отишол некој селанец во Витолиште, макар по каква било работа, Толе го подложува на судење како прекршител на неговите „свети закони" и пак таа златната — дреновицата заигрува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не а бива ваа со Толета, луѓе, — почна неговиот пријател Гуле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да не ве лаже умот да чините абер во Маково оти змија лута ќе ве клукне!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со Обзнаната (декември 1920) била забранета работата на КПЈ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По формирањето и КПЈ (1919) на општинските избори во 1920 комунистичките кандидати победиле во Велес, Куманово, Кавадарци и некои села.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
И се упатиле кон север. Има таму некаде, зад оние сини ридишта некое село. Лаки се вика.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јуруците, муслимани од азијатско потекло, живееја во некои села од јужната страна на планината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Самите се нарекуваат Понтји, значи некогашни жители на некое село сместено над бреговите на Црното Море.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пат терале по Долно Дупени, Љубојно, Брајчино и излегувале во некое село Кажани и од таму право во Битола.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Арсо Арнаутче донесе утрово од некое село ракија и лук.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Да побараме во некое село?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ракија веќе нема, Онисифоре, со лажен очај се обидел да ја сокрие надежта Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Мене; братче, ништо не ми пречи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И веднаш си правам филм за тоа како ќе изгледаат викендите по десет години во некое село на периферијата од градот, во мала баракичка Хот и Хот и двор, не поголем од триста метри.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Грцити, имали негде во некој град или во некое село или во некое от црквите им или во некоја кукја, да прозборат по јазикот ни? а ние, когато сме на татковината си, за ошто да се учат децата ни пак на грчки? зашто да им пеим јазикот во црквити си???
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јас вам до денеска не сум ве видел ни во некое село, ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник шетав сиот наш виљает и по села и по градои; арно ама нигдека како вас чоек не сум видел.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ви се молам, стриче ле, ако не ми кажиш од кај ме знаиш?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Од старост или од жал за стопанот, во една ноќ липса и Благоевото куче Клисар, а ќерка му Савка, се омажи во своите триесет и две години за еден вдовец со пет деца, во некое село, чинам, Челопек.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Далеку, во некое село, лаат кучиња. Нивната лутина ги дразни ловците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Може да лажеа дека некаде, во некое село го виделе кај го водат врзан со синџири.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од старост или од жал по стопанот, во една ноќ пцовиса и Благоевото куче Клисар, а ќерка му, сипаничавата Савка, се омажи во своите триесет и две години за еден вдовец со пет деца, во некое село, чинам, Челопек.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Па како црковниот хор од некое село (на пример Скудриње) добил нов свирач на укулеле, кој пак у младоста бил малтретиран од татко му.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Јас вас до денеска не сум ве видел ни во некое село ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник го шетав сиот наш вилает и по села и по градови; арно ама нигдека како вас Човек не сум видел.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Го оставивме во некое село. Ќе биде селски будала.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Преку интервјуто, американската јавност беше запознаена со неколку проблеми што во тој момент беа од интерес за сојузничките и неутралните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тие денови посебно внимание предизвикало и интервјуто на повереникот на Националниот комитет за надворешни работи, Јосип Смодлака, дадено на американскиот новинар Сајрус Сулзбергер / Салзбергер "во некое село од Италија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Мажот, да не му се опчади, ја остави на годината откако го купија анот и така таа од Велика стана Чакарвелика, ќерка ѝ се омажи во некое село, а синот еве четири години служеше нечија војска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Дедо ми по татко е од некое село кај Касторија... Буфи. Мислам“, рече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
По повеќе од половина час заморувачко клинкање, кога Едо почна веќе да чувствува дека пределот околу него обраснат во зеленило нема доволно воздух за неговите гради, пристигнаа во некое село во кое згрмадените приземни селски куќи беа како напикани и задскриени под сенките на огромни дрвја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Онаму пак некое село гори, му велам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ова е некое село од збиен тип – се потсетив на една лекција што неодамна ја учевме, и си реков, не било толку лошо да се оди на училиште и да се научат некои нешта што на прв поглед изгледаат непотребни и бесмислени.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)