Мирисот веќе ја исполнуваше собата, богат топол мирис, кој му се чинеше како испарување што доаѓа од неговото рано детство, но, со кој повремено се среќаваше и сега, додека се ослободуваше таинствено во некоја улица полна со луѓе, почувствуван за миг и повторно загубен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Е, но на топката не е нацртано моето куче Роско и јас сега не знам каде е тоа - во Америка, во Индија, или во некоја улица на градот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Лесно треперење, некое развејување. Размислуваше кога беше почнало тоа, но веќе не знаеше: одам низ некоја улица и гледам една куќа и се сеќавам на некој замок, налик на оној во Фиренца, но тие се допираат само со еден одблесок и се гаснат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сепак шепнав: - Збогум, дедуле, и благодарам.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
На секои 15 минути „Радио Париз“ дава специјални соопштенија за возачите, преку кое ги предупредува како да се движат доколку некоја улица е затестена поради сообраќајна несреќа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во некои улици жените не се осмелуваат да ги остават бебињата сами во куќата, дури ни на пет минути.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)