Листот беше испишан со ракописно писмо и со не многу литературен јазик, главно некој измешан костурско-леринско-битолски јазик со по некоја грчка буква онде-овде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ѓорѓи беше „купил" дваесет берданки таканаречени „гра" и цел сандак фишеци, му ги теслими така заковани во долги сандаци, уверувајќи го Трајка дека се нови од фабрика и Трајко му ги даде стоте лирички — шеесет за берданките, четириесетте за фишеците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трајко Бешот пак, потера две крави и еден вол за Воден и ги понесе стоте Толеви лири да побара оттаму некоја грчка берданка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А кај Англичаните седнале некои грчки офицери, неутралци, јадат чоколади и пијат пиво.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)