После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Татините новокомпонирани курајберчиња ги испробуваа своите нови мотори испуштајќи им издувни гасови на провинцијалките и скотските радодајки кои беа дојдени да уловат некоја крупна транзициска ѕверка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Колкупати и на татенцето некоја крупна, голема колку една петлица туку ќе му светнеше на лицето. Светулка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)