Тој тип патување не допушта исклучоци: кога ќе се спрепне од некое познато лице, од познат пејсаж или од некое одгатнување, волшебноста престанува: амнезиската, аскетската, асимптотската привлечност на исчезнувањето подложна им е на емоциите и земската семиологија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)