Застана, колку за да се среди, под стреа на нечија куќа од грубо делкан бигор, ќе му се предаде на очајот, не да го совлада туку да го стори вечен во себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Песот што пред тоа го ловеше опашот на својата сенка, жално квичеше пред нечија куќа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Преку небото се раздвижи розево облаче, лево и десно, од едниот до другиот раб на просторот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)