Тој ќе се насмевнеше и ние продолжувавме да чкрипиме по мразот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога татко ми ќе дојдеше од пазар и нешто ќе ни купеше за јадење, некои слатки работи, јас не ги јадев, на мајка ми ќе ѝ ги дадев, а таа ќе ми речеше – ти касни, треба да растеш, а јас ќе се навредев.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога сестра ми беше второ, а јас шесто одделение ни купи лизгалки адидас, бели.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Нашите родители нѐ имаа овде само нас, ние ги имавме нив, а сега и нашето козле... – Тато, тато ни купи козле! – ја гушкавме сите мајка си, доближувајќи ѝ го козлето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)