нив (зам.) - научи (гл.)

Се зближи со војводите, од нив научи да чита и да пишува, и немаше пазарен ден а тој да не се врати од Прилеп со весници и со книги.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа не остана незабележано од властите, постојано испраќаа душкала за да му одаат по трагите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зошто го правеше тоа толку усрдно не би знаел да одговори, но им се препушташе на случајностите, зашто и за нив научи дека си имаат секогаш свој правец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)