И предци и потомци На Јордан Плевнеш Ноќва, вкопан во плочата на Сахара, во нејзините црвени африкати, осознавам дека има земји претерано неми, во кои нема што да се откопа - ни коска, ни писмо, ни прстен, осознавам, значи, дека има претерано неми земји кои сами себеси си се кучиња - чувари.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во нив отсекогаш сѐ што е родено е живо и затоа нема и што да се откопа: луѓето таму во крвта си ги носат предците па затоа и не веруваат во одминливоста, самите себеси си се и предци и потомци: нанижани во долги низи црвени африкати, огнот во нивните колиби ги ништел сите нивни платони и исуси, бетовени и целани, па точно затоа тие и сѐ му доверуваа на зборот: сите нивни пориви и тајни - зборот ги префрлал преку вековите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)