нив (зам.) - таму (прил.)

Сеќавањето, пак, на полани ова време, кога јас бев во истиот тој Дизниленд во Париз, ми е толку свежо како да не поминале цели две години оттогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Останало нешто многу скапоцено од нив таму?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но таму, во дворот на анто, го затекнаа Хаџи Ташку со дружината и една тајфа Арнаути од Кичевијана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Место нив таму сега стоеше празнина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Минатата сабота, зараното (Максим и Костадин Дамчески од страв од незгоди не ги поведоа одвечер) главите на сојовите стигнаа во Прилеп, на ан кај Богатиновци: така си мислеа, расправијата помеѓу Хаџи Ташку и Лазора таму стана, па и измирувањето меѓу нив таму да стане.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе останеме со нив таму каде што бевме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Точно знам како се чувствуваат и што сè доживуваат сега, а желбата да бидам со нив таму ми е толку голема што ме прави да бидам неутешна, оти е неостварлива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)