А ние децата веднаш ги поврзавме работите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата, особено помалите, побрзо изгладнети, зачестено влегувавме во кујната да видиме што ново ни месила мајка ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ликот на нејзината душа ѝ се одразуваше во очите, во кои ние децата јасно го читавме нејзиното расположение.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа нешто како да претчувствуваше, ние децата тоа го читавме од нејзините очи. Чанга со сите ведро се поздравуваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми скришум се насмевна. Само ние децата можевме да ја забележиме неговата насмевка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата бевме одамна будни, неспани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Завладеа смеа. И ние децата се смеевме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Да, и ние децата, со среќната мајка и нашето братче, со нашето козле, не знаевме дали летаме кон небото или нѐ задржува земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата ја сакавме како да ни е наша баба, зашто нашите вистински баби останаа зад границата, едната жива, другата почината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И ние децата, без нашите кози, без смислата на нашите игри, беспомошно го следевме татковото чекорење крај нас. Тој како да не нè гледаше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
– А каде ви е сега тој клет Чанга? – продолжи шефот. – Чанга е во паркот! – извикавме едновремено, ние децата. – Шипинки во паркот!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата живнавме. Братот партиец, охрабрен од претходната пофалба на шефот, прв одговори: – Балканска! – Балканскааа! – запишуваше шефот. – Немаат козите националност.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата, гледајќи ја Сталинка под телото на големиот прч бевме готови да се расплачеме, да се стрчаме и ја ослободиме, да ја спасиме нашата Сталинка, вклештена во прегратката на прчот. Но Чанга нѐ спречи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата, уште кога ги видовме насобраните кози на плоштадот, се растрчавме кон сите маала да ја разнесеме големата вест.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дојдовме и ние децата, откај козите мислејќи дека добро сме ги сокриле и сме оставиле доволно лисје.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата го гледавме како си заминува, по долгиот разговор со татко ми, но и со некоја книга или записи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога ние децата се подготвувавме да одиме кон паркот, на последното големо видување со Чанга и со неговите кози, татко ми нѐ запре пред портата и ни рече да го почекаме, зашто и тој сакаше да дојде со нас.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
XV Кога татко ми скришум ѝ потшепна на мајка ми дека со „Сталин е готово“, ние децата веднаш помисливме на нашата кутра Сталинка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата си спомнувавме на нашите кози, кога бевме заедно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А всушност ние децата и не бевме начисто кој е Сталин, како што не беше начисто до крај и братот партиец кој го предложи името.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тогаш и ние децата разбравме оти Чанга му е само прекар, а дека името му е всушност Мелко Меловски.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите го бараа Чанга. Козите. Првин излеговме ние децата, па постарите, целиот град.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Шефот го прекори: Започни веќе еднаш со прашањата, нè чека голема работа, има многу кози во Козар маало. – Заедничката несреќа е помала несреќа! – изусти тивко мајка ми, повеќе за себе, но во тие мигови ние децата ја впивавме и самата тишина, па ги примавме и нејзините сигнали.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние децата велевме дека овие ракети се поубави од првомајските.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Затоа ние децата се плашевме од новите пароли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка ми и ние децата бевме вознемирени и поради изгубениот татков спокој.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше ноќе и ние децата бевме веќе легнати, ама јас не спиев.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ние деца од села, и тоа какви села... облечени со волнени алишта и со опинчиња, полни со вошки...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Е, сега дојде време кога ние децата од три до 12 години бевме протерани и така го добивме името - деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Јас имав 10 години, но се сеќавам на секој детаљ од тоа патешествие.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дел од тие совети ние децата ќе штрбневме кога влегувавме во кујната по чаша млеко пред спиење, правејќи се дека не слушаме, додека тие двете, занесени во прикажувањето на мајка ми, ќе продолжеа со спокојниот ритуал на пренесувањето на бескрајните примери и тајни од семожните животни искуства.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Рано станавме и ние децата, небаре да го провериме Тетковото здравје.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сите ние децата никогаш немавме амбиција да станеме полицајци или пожарникари сите ние сакавме да станеме комитаџии и да се бориме со Турците.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Секоја година за време на училишниот распуст чичко ми се враќаше в село, а неговото идење ние децата го очекувавме како најголем и најсвечен празник.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Мислев дека ние децата прилегаме на возрасните но сѐ почесто се уверував дека повеќе тие се деца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Еве, токму тука, - и велам на сопругата - под сенката на оваа црница се собиравме секој ден претпладне ние децата од нашето село... – Тука – велам – се собиравме и чекавме... чекавме да дојдат камиони и да не вратат дома.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
По неа, по нејзините стапалки, одевме во ќумиња и ние децата на дуќанџиите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Што се однесува до Дедо Мраз, во тоа време ние децата го сакавме како што и денешниве, но малку верувавме во неговата моќ, всушност, во тоа дека може да ни ги оствари желбите што први ќе ни паднеа на ум или што ги влечкавме преку целата година.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ве уверувам со тоа ќе се губи време – со секој миг ќе го имаме се помалку, како нешто драгоцено и само наше, иако ние децата го имаме во изобилие.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И така четвртиот партнер беше секогаш нов, непознат, необичен не само за старите играчи, туку и за сите нас, другите во семејството, Мајка, ние децата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ни Татко, а уште помалку Камилски, не можеа да го заборават настанот во Татковата библиотека и во нашата куќа во врска со една непрочитана книга на Камилски. Тоа стана грев кон непрочитаната книга којшто и ние децата никогаш не го заборавивме...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка речиси несвесно, несетум ја симна врската клучови од вратот, држејќи го во едното крило своето најмало чедо во студената ноќ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така ние децата останувавме секогаш сигурни победници во покерот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа чекање навистина завршуваше со успех на кој ние децата не се радувавме премногу, ами олеснето потрчувавме по ластик или топка.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
ВТОРАТА ЖЕНА: Не мислиш ли дека ние децата бевме тие цветови кои ни криви ни должни беа одгледувани во твојата темна соба.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се плашев од татко ми, дури кога ќе ме погледнеше нешто ќе ми паднеше од раце, толку многу беше строг, а ние децата бевме од различни мајки, сите бевме на свој начин различни.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ние децата се плашевме од поповите. Мајка ми беше сосем во агонија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Веќе ништо не ми беше мило и барав да си заминам што побргу.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Доаѓавме ние децата крај тебе и молчевме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Токо, оди, оди, прибери си се и стори се стопан на малечокот, та ако и слушаме ние децата шо сакаат, ќе не заведат далеку.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Една ноќ, Татко, виде-невиде, кога ние децата бевме во длабок сон, ја повика Мајка на разговор.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На големиот митинг на козарите со козите, на големиот плоштад, кои го посматравме и ние децата од блиското Кале, на козарите им беше даден рок до утрешниот ден во 12 часот, да стапат во социјализмот, ама без козите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
А и ние децата не бевме рамнодушни.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И ние децата подоцна ја наследивме истата дилема: да се замине или да се остане?!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се чудеше побратимот, се чудевме ние децата - зошто Татко со себе носеше книги за јагулите, а чунот поаѓаше од местото каде што реката низ мал поточен лак се влеваше во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мајка појде во кујната со пастрмката и јагулата, а ние децата кон училиштето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А кога конечно ја минавме границата и пред нас се оцртуваше другиот брег на Езерото на спасот, ние децата од тој миг разбравме зошто Мајка верува во Бога...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ние децата прв пат го слушавме ова и веднаш насетивме дека ќе имаме што да чуеме.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се срамиме ние децата, зошто тие ѓубришта и депонии ги прават возрасните - нашите најблиски.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Така велат возрасните, а ние децата - не можеме да сториме баш ништо за да се подобри оваа положба - иако сакаме еколошки чиста и здрава средина, а особено чиста вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Што можеме ние децата - да сториме? Има луѓе стручни: економисти, правници, директори, менаџери, - компетентни“, ја убедуваше Иван.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Најголеми тешкотии имаше со македонскиот и другите словенски јазици со кои се соочуваше во земјата на својот егзил и кои тешко се учеа во поодминатите години на животот, па му помагавме ние децата, кои во детството го совладавме овој јазик, на кој јас денес и пишувам, покрај на мајчиниот албански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тешките времиња за книгата, кои ние децата никогаш не можевме да ги разбереме зошто се такви, татко ми се движеше брзо и нервозно во својата библиотека, ги разместуваше книgите, ги криеше, продолжуваше неговата алхемија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Можеби и единствена обврска што ја имавме ние децата беше да полниме вода од чешмата и да ја носиме во куќата за домашни потреби.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во куќата имаше голема трпезарија со долга маса, од двете страни на масата дрвени клупи на кои навечер ние децата испоседнувавме, уморни од целодневните детски игри и нестрпливо чекавме нашите мајки да ни ја принесат вечерата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Но ние децата никогаш не ја преболевме нејзината самотија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Претходниот ден, откако беше собран гравот од нивата, ние децата добивме задача од баба ни, да ги собираме растурените зрнца грав, заостанатите мешунки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
14. Во тоа време во Велигденските пости кога Петре Даскалот ја креваше камбанаријата долу во црквата, се шушкаше нешто по селото, ама ние децата никако да разбереме што е работата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А и турско време беше, старите си кажуваа работи што ние децата не смеевме да ги чуеме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Така и ние децата. Се собравме цела сурија и јуревме на месечината крај луѓето и низ луѓето нагоре и надолу сѐ до пред црковната порта.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ние децата никогаш не успеавме да видиме ни што ни колку татко ни донесол во ќесето, ниту пак што накупил по местата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Или: „Учењето е големо делание и дека сме ние деца на ДОМОВИТИ родители“.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Многу-многу ние децата не можевме да дознаеме зашто сите нè распоредија по присојското и по осојското, по редовите од двете страни на реката да внимаваме повеќето одошто обично да не наиде кон селото некој туѓинец.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Дали ние децата бевме загрижени за татета не знам.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Додека татковците и дедовците така пиеја и се веселеа, ние децата грувавме низ гробиштата и околу црквата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Впрочем сите ние децата бевме повеќето овчарчиња и козарчиња.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Знаевме ние децата оти има комити, дека се тие секогаш тука некаде, иако никогаш не знаевме каде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кога се сеќавам сега, чинам дека мајка ми сето време смислуваше како ќе го пречека, додека ние децата не престанувавме да прашуваме што ќе ни донесе.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Бргу потоа се разбра што било работава која ја насетивме ние децата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Според тоа што си кажавме меѓусебно ние децата, сите што по заповед на комитите мораа да имаат пушки беа излезени од дома.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Поп Доне секогаш си седнуваше на страната на којашто седнувавме ние децата и редовно доаѓаше со плоча, со тетратка и за разлика од нас, секогаш носеше некои книги од кои повеќето беа грчки.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
За тоа ние децата во селото имавме посебна заслуга.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- И замина продолжувајќи да ја врти главата и сам на себеси да си зборува што нему и му беше обичај поради кој ние децата понекогаш скришум одевме зад него да го наслушуваме што ќе рече.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Дотука ние децата можевме да видиме и да гледаме како знамето се прави, но кога Даскалот го нацрта тоа што го нацрта со јагленчето, ни рече нам и на тетка Сава: - Саво, сега слушај ме убаво.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тоа го знаевме дури и ние децата и затоа кога Петре седна кај огништето спроти дедо ми и крај татко ми, ние се прибравме поблиску да слушаме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Надвор мажите испоседнаа на источната страна од покриениот и затворен трем пред црквата, жените, на западната, со јадачките што ги имаа за раздавање за денот, за душа за умрените, а младите и ние децата сите излеговме надвор да го чекаме Петрета Питропот да ја надуе гајдата и да засвири.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
По нив одевме ние децата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Пуканките ги јадевме ние децата и татко ми.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Не случајно ние децата на прекар него го викавме Сврдлето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ни нам ум не ни доаѓа, ама имаме оправдување – деца сме!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можеби дури и брат ми го пратиле да нѐ побара на Млечен (така ние накусо го нарекуваме просторот околу Млечниот ресторан каде што лете се собираме ние децата од околните улици), па ако се вратил и ако кажал дека таму никој не нѐ видел попладнево, ќе биде голема паника.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што ни требаше да тргнеме да ги бараме велосипедите, проклети да се, се прекорував.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И ние децата сме исти, мислам, кога се во прашање грешките.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)