ние (зам.) - таму (прил.)

Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Друго“, рече, „ние таму многупати зборуваме како да се направи и што да се направи, Маказар да се прогласи за туристичко место, за здраво место, та тука лете да идат првин децата на нашите и, во една школа, да го учат нашиот убав јазик“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Слегуваме и ние таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка гласно почна да плаче и прегрнувајќи ме залелека: - Сирачиња мои, сирачиња...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А знаеш, дедо Пандо, тие цело време си мислеа дека ние таму, во државите, учиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овие што ги носиме сега.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа име бевме ние таму, во Сук...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ние таму, во Оровник кога си ги сретнавме нашите, како да престанавме да бидеме војници.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа ни рекоа да одиме на другата страна на шумата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И знаеш, дедо Пандо, кога, така потпрен на автоматот во влажната земјанка, одново го гледав сето она што го видов и го доживеав во Оровник, сфатив дека сум сирак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го слушав неговиот глас: И нивниот корен да се искорени, синко Кире, и нивниот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Меѓутоа, ние таму, во Сук, не се загледувавме во нашите лузни, во нашите незатворени рани и не мислевме на својата болка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас си клекнав во ќошот на земјанката и, потпрен на автоматот, цела ноќ како во сон ја гледав мајка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние таму во Епир бевме епирската аристократија, првите луѓе во Лариса и Атина. Влавот, бре, беше и е кремот на Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа што уште повеќе бојови одам кај грлс е поради традишнот што го имаме ние таму во Америка останат од старо време, ама тоа брзо ќе помине.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе одиме кон север! – Зар подалеку од нашите, од куќата, од земјата? – Ние таму повеќе ништо немаме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)