никому (зам.) - ништо (имн.)

Иако конечно никому ништо нема да му се случи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Откако се знам, а еве преку шеесет ги имам, само тоа се збори и до ден денешен никому ништо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Вие се фалите како вас Турчин не ве бил досега, како не признавате ни цара ни везира, како не плаќате никому ништо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мајката си ја ебал тој Томе Манев. Му се пикна в гаќи на стрика Бориза и, иако кулак и реакционер во душата, помина како никому ништо.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Петроград, Панчево, Пешта, тоа е. Петроград, Панчево, Пешта, тоа е. Ти оди си по својот пат, јас ќе си одам по својот. Никому ништо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)