никој (зам.) - свој (прид.)

Но фронтот не се местеше. Се зацврстиле едните, се зацврстиле другите, и никој своите тврдини не ги напушта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зарем да нема никој свој во салата, блиски очи што ќе те храбрат кога ќе се јавиш на бината, што ќе се израдуваат повеќе од очите на сите присутни кога ти ќе излезеш, кога ти ќе рецитираш...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
ПОЦКО: Та рековме да си најдеме друг касмет, како што е адетот наш рисјански.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Брат Арсо, ни умре кумот, а не остави никој свој.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Студ. Сама. Во туѓина. Без никој свој. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со малото дете. И, што би правела без никој свој?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Бабата нема никој свој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ЛУКОВ: (Изненаден и испитувачки.) Па... Вие, ако не се лажам, сношти рековте дека немате никој свој и близок во Софија?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)