92 Појавувајќи се во 18 век во Британија, Франција и Германија, и првично однесувајќи се на дискусии за литературни дела, овие форуми бргу се развиле во институции за политичка дебата и учество во политичкиот живот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)