Почнавме полека да насетуваме дека изградбата на Ајфеловата кула никогаш нема да биде завршена и сфативме зошто инженерот бараше од нас да направиме џиновски постамент, оние четири киклопски железни шепи кои, оддалеку, изгледаа сосема несразмерни.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој ја потсетува на ветрот што тогаш ни фучеше на ридот, кога таа ги слушаше оние четири зборови, па лицето ѝ станува жално, жално, а по образот й потекува солза...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И јас, начекувајќи го ветрот, полугласно велам: – Јас ве љубам, Надја! Боже, што се случува со Надењка!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Предвидените триста метри се направија, нека решат веќе еднаш да ја изградат куполата на врвот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)