Ама кажи ми ти сега мене, кој ги сотре сите оние пред нас? Само Алах, Исус, или пизмата човечка?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Оние пред него и оние зад него стоеле неподвижни. Го гледале како виновник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стопанот не ја сфатил веднаш несреќата, Се веднел и безизразно се пулел во легнатото тркало - токму нему ли, стопаничина, му се случило најлошото!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)