Тука загубив малку од оние убавите мисли што ги имав за животот, ама не бев себична да гледам само како мене ќе ми биде добро.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А вие, добри мои, дали размислувате, да ве прашам, кога фрлате некое од оние убави лепчиња што ви ги даваат в школо, колку труд, колку средства, колку надежи се вложени во него: првин да се посее, па да расне, да созрее, да се ожнее, да се оврши, да се сомеле, да се меси, да се испече и да ви се донесе вам!? А вие го фрлате!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Венец кој ќе биде ставен од свештеничка рака, со оние убави негови зборчиња: (изрекнува со пеење како поп при венчавање). „Венчает сја раб божји Илија и Антица...“
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
За мене тоа беше тешко и затоа одлагав. Мојата колебливост се потстакнуваше и од тоа што сепак имаше денови кога не чувствував скоро никаква потреба од чевли: оние убави мартовски денови, јасно сончеви, кога децата првпат се собуваат боси и трчајќи го сеќаваат слаткиот скокот од влажникавата пролетна земја по голите табани.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)