Во ретката трева се чу екот на чекори од чизми и гласови на луѓето од ракетата што им довикуваа на оние надвор.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Старецот се појавуваше од вагонот со својот глас, тврдеше дека му е убаво, дека добро се чувствува, велеше Скокам овде внатре и собирам сили за враќање, не е многу високо и многу широко, ама доста ми е, велеше, и потоа го пушташе својот глас во некоја песна за да се охрабрат и оние надвор, да можат да ги издржат студените ноќи и лошите соништа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Имаше во сето тоа нешто како подвижништво, еден вид одмазда кон надоврешниот свет, кон оние кои нѐ беа повредиле, кон оние надвор, како што се велеше тоа во циркускиот сленг.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)