се (зам.) - здодее (гл.)

Долго гледа така Соколе и му се чини дека никогаш не би му се здодеало да гледа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Играле што играле, им се здодеало па почнале да го тргаат за опавчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На мачето му се здодеало, па го подвиткало долгото меко опавче под себе и почнало да плаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе појде кај својот началник, кога ќе ѝ се здодее да ме чека, ќе стапне на првиот дрвен басамак и веќе не ќе е ни агент ни копнеж по шампанско.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- А јагоди ќе береме ли? - праша Елена. - Ќе ти се здодее од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии. (Само не брзајте, ќе ја запознаете и ќе ви се здодее од неа.)
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Некаде, подолу, некои жетварки жнееја јачмен и пееја: „Горештина, омарнина веќе ми се здодеало“ Трајче требаше да мине преку мостот на реката Сатеска и да премине на другата страна кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На одење Јоне му рече: Кога ќе ти се здодее да бидеш сам – дојди, ќе ти кажуваме смешки и песни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)